Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Untitled Document

Општина Охрид во соработка со  Организацијата на градови со светско наследство (OWHC), Ве известува за можноста да патувате низ Европа  и да откривате места од светското наследство со вкупен буџет од 1.000 евра за реализација на патувањето.

  • Патувајте низ Европа и дознајте повеќе за наследството. Раскажете ни ја својата приказна и работите кои ги откривате, доживувајте и учете за време на вашето патување.
  • Што научивме од нашето минато, што не поврзува или што не дели во  Европа денес?

Услови за поднесување на вашата кандидатура:

  • Кандидатите треба да се на возраст помеѓу 18 и 28 години
  • Да испратите мотивационо писмо  на англиски јазик -накратко да го објасните Вашиот интерес за учество во проектот (максимум 500 зборови)
  • Краток опис за себе и зошто Вие би го добиле ова патување
  • Одговорете на следните прашања:

- Вашето разбирање за светското наследство
- Која е поврзаноста помеѓу светското наследство и идентитетот според Ваше мислење?
- Што мислите дека пренесуваме на идните генерации?
- Што е "светско наследство од утре"? Што правиме денес што ќе се смета за човечко достигнување за 100 години?

  • Бидете креативни!

Ве молиме да не известите како ќе се одвива Вашето патување..можете да креирате дневен блог во социјалните медиуми
Понатаму, вашите искуства споделувате ги со креативен проект во врска со вашата идеја за европското културно наследство (на пример: цртање, фото-проект, видео документација итн. - нема ограничувања за вашата креативност).
Ве молиме да ни испратите драфт на Вашиот проект во Вашата Aпликација

Вашето мотивационо писмо  (во  PDF или word  формат)  испратете го (не покасно од  15 Јули 2018 година) на следниот е- маил: welterbe@regensburg.de

За повеќе информации обратете се до  Антонио Балески од Општина Охрид (Сектор за туризам и локален економски развој) и посетете го  следниов линк:  https://www.ovpm.org/en/young-travelling-scholarship

Прочитано:  526  пати
Објавено на: 02.07.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©