Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
И З В Е С Т У В А Њ Е !!!
Untitled Document

Секторот за туризам и ЛЕР и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството на Општина Охрид, информира дека е во тек поднесување  барања за директни плаќања за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од 1 Јануари до 30 Април 2015 година.

Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар и дополнителни 15 отсто од млеко кое е произведено на одгледувалишта со надморска висина поголема од 700 метри.

Млекопроизводителите своите барања може да ги  поднесуваат во Подрачните едници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е извршена регистрација на земјоделското стопанство.

Како доказ за продадено млеко се доставуваат откупни белешки издадени од преработувачки капацитети запишани во регистарот на одобрени обекти за производство на храна од животинско потекло.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 15 Јуни 2015 година.

Подетални информации заинтересираните  можат да добијат на тел. 02 3097-460 , на веб страната www.ipardpa.gov.mk  или на телефонот 046-230-175 на Секторот ТЛЕР Канцеларија за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделието  при Општина Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1325  пати
Објавено на: 09.06.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©