Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОТВОРЕНИ МОНТАЖНИТЕ СУВЕНИРНИЦИ ВО ОХРИД
Untitled Document

Туристите од монтажните куќучки за сувенирници ќе може да купуваат охридски бисер, резбани уметнички дела, слики и икони, копија од златната маска и други археолошки наоди. Конечно купувачите ќе бидат сигурни дека охридскиот бисер кои го купуваат е оригинал, изработен од охридска плашица.

Денеска беа отворени две сувенирници едната кај градското пристаниште, другата на плоштадот Чинар. Наскоро ќе биде отворена третата сувенирница кај ТЦ Амам во центарот на Охрид.

- Мислам дека овие сувенирници ќе имаат огромна важност за сите посетители кои што ќе можат да си купат по некој сувенир кој што ќе му остане како спомен, сувенир кој што го отсликува нашето богато културно наследство и сето она што го поседуваме како дрржава, вели Елизабета Канчевска Милевска министер за култура.

 

- Сметам дека со добивањето на градските сувенирници на уште еден начин сакавме да внесеме нов дух во промоцијата на градот Охрид на историските, културните, традиционалните и духовните вредности на Охрид и Македонија, истакна градоначалникот Никола Бакрачески.

Со сувенирниците ќе стопанисува охридскиот Завод и музеј. 

 - Во овие сувенирници ќе се продаваат копии од артефакти од сите археолошки локалитети во Македонија и од Охрид, Стоби , Исар, Марвинци и други, вели Тања Паскали Бунташевска директор на Завод и музеј.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1356  пати
Објавено на: 15.09.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©