Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД РЕШИЦА – РОМАНИЈА ВО ПОСЕТА НА ОХРИД
Untitled Document

Делегација од романскиот град Решица, денес беше во официјална посета на Општина Охрид. Гостите од Решица, предводени од градоначалникот Михај Степанеску  во име на градоначалникот Бакрачески ги прими заменик градоначалникот Ангел Јанев.

Станува збор за прва официјална средба  која   за двата града македонскиот- Охрид и романскиот Рашица   значи почеток на пријателски односи и можност за воспоставување на идна соработка во делот на образованието, спортот, културата и  економијата . Двете страни  ги разгледаа и можноста што ги нудат Европските фондови  околу реализација на  заедничките проекти   за  период 2014- 2020 година.

Инаку гостите од Романија  со  убавините на Охрид  прв пат се запознале преку тамошните електронски медиуми  и велат дека тие се единствени и посебни во Светот.     

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1310  пати
Објавено на: 25.07.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©