Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
РЕПОРТАЖИ ЗА ОХРИД ВО РЕНОМИРАНИ МАГАЗИНИ
Untitled Document

Kако резултат на успешната промоција на туристичката понуда на Охрид, што се одржа во ноември во Прага и воспоставените партнерства и соработка со значајни медиуми и личности од специјализирани списанија и магазини за туризам, во најновото издание на чешкиот  “Travel trade Gazette” како и во шведскиот “Lysekilsposten“ и во црногорскиот “Кафе Монтенегро” објавени се репортажи за атрактивноста на Охрид како туристичка дестинација.

 “ Travel Trade Gazette“ е едно од најчитаното списание за туризам во Република Чешка, кое се издава повеке од 50 години, во кое во овој дел од Европа се промовирани светски познати дестинации и соработува со реномирани светски туристички агенции. “TTG” Чешка е дел од светската мрежа на медиуми кои се занимаваат со туризмот а тука исто така се TTG Велика Британија и Ирска ,  TTG Азија, TTG Унгарија, TTG Италија, TTG Северна Полска, TTG Русија.

Исто така  Охрид низ една живописна и емотивна репортажа се презентира во Шведскиот печатен медиум “Lysekilsposten. Репортажата следува како резултат на  посета на г-динот Lars Melkersson од Шведскиот Lysekil кој во текот на летото престојуваше во нашиот град.

На инцијатива на Амбасадата на Р.М. во Црна Гора екипа од  туристичкиот магазин “Кафе Монтенегро” во летниот период престојуваше во Охрид и објави репортажа за туристичките можности на град Охрид. Списанието “Кафе Монтенегро” излегува месечно во тираж од 30 000 примероци.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1363  пати
Објавено на: 10.12.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©