Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
КООРДИНИРАНА АКЦИЈА ЗА САНИРАЊЕ НА ШТЕТИТЕ ВО ОПОЖАРЕНАТА ЗГРАДА НА „ ТУРИСТИЧКА “
Untitled Document

Рано утрово, градоначалникот Бакрачески во својот Кабинет одржа состанок со претставници од Центарот за управување со кризи, Противпожарната единица, Секторот за комунален развој, а на присуствуваа и директорите на ЕВН од Охрид и Македонски телеком од Охрид.

Градоначалникот даде налог веднаш да се пристапи кон санација на настанатата штета, за што ќе се ангажира посебна фирма во чија надлежност се ваквите активности.

Веднаш после средбата, градоначалникот Бакрачески повторно ја посети опожарената зграда каде веќе започнаа активностите за санација на истата.

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, уште синоќа ги посети станарите од опожарената зграда бр. 4 на булеварот „Туристичка“, која од неделата е без електрична енерегија.

Сите заедно ќе направиме план на активности кои мора брзо да се преземат за на станарите да им се санираат штетите, пред се да се воспостави електрична инсталација и довод на електрична енергија. Веќе четири дена станарите се без струја и тоа ќе мора најуредно да го решиме со оспособување на инсталацијата која е видно оштетена. Иако не сум експерт по електрика, гледам дека оштетувањата не се едноставни, а тука ќе треба да се преземат поопсежни активности - истакна градоначалникот Бакрачески.

Тој додаде дека локалната самоуправа ќе направи се што е во нејзина надлежност за да им излезе во пресрет на граѓаните кои што живеат во оваа зграда.

Се надевам дека брзо ќе подготвиме план на активности кој ќе мора веќе од утре да се спроведува со цел станарите да се вратат во своите домови. Во секој случај, локалната самоуправа ќе ги земе во предвид сите околности околу настанатиот пожар,за материјално и финансиски го потпомогнеме санирањето на штетите - додаде градоначалникот Бакрачески.

Инаку, пожарот во оваа зграда изби во неделета навечер од броилата за електрична енергија, по што одекнале силни експлозии. Густ чад веднаш го исполнил влезот и почнал да навлегува во становите кои жителите ги напуштале во паника со крпи на устите. Пожарот бил изгаснат со брза интервенција противпожарната единица од Охрид, која пристигнала со повеќе возила.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1240  пати
Објавено на: 27.06.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©