Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА ОХРИД ВО ПОСЕТА НА ЗБРАТИМЕНИОТ КРАГУЕВАЦ
Untitled Document

Делегација на општина Охрид предводена од заменик градоначалникот Ангел Јанев и советниците Јадранка Здравеска и Љупчо Настоски, беше дел од официјалните гости, по повод 6 мај, денот на збратимениот град Крагуевац, Србија. Покрај протоколарниот дел од посетата, охридските советници го  информираа новиот градоначалникот на Крагујевац, г.Радомир Николиќ за расположивоста на градот Охрид и охриѓани за срдечен пречек на туристи од тој дел на Србија преку цела година, како и за продлабочување за соработката на сите полиња. Со задоволство беше прифатена поканата од градоначалникот Бакрачески за градоначалникот Николиќ за негова посета на Охрид.

Во насока на проширување на соработката со факултетите при универзитетот во Крагуевац, се оствари и средба и со ректорот на универзитетот во Крагујевац, проф. др. Слободан Арсенијевиќ.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1324  пати
Објавено на: 08.05.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©