Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ „КОЧО РАЦИН“ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Во рамки на предвидените активности за запознавање и изучување на работата и функционирањето на локалната самоуправа, четврто одделенците од ОУ „Кочо  Рацин“ денес беа во посета на Општина Охрид.

Во големата општинска сала ги прими градоначалникот Јован Стојаноски кој   одговараше на прашањата што до него  ги упатуваа младите „советници“.Учениците беа гости и во кабинетот на градоначалникот, а се запознаа и со работата на останатите служби на општинската администрација.  

Прочитано:  1410  пати
Објавено на: 22.03.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©