Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЛОВАЦИТЕ СО БЛАГОДАРНОСТ ДО ОХРИД ЗА ПОДАРЕНИТЕ ИКОНИ ОД СВЕТИТЕ КЛИМЕНТ И НАУМ
Untitled Document

Заменик градоначалникот на Охрид,  Ангел Јанев  денеска оствари работна средба со Стојан Лекоски организатор на културната манифестација  “Денови на св. Кирил и св. Методиј”  што по традиција се одржува во Терхова ,Република Словачка.

Словачкиот гостин  изрази огромна благодарност до општина Охрид, за вредните подароци,  икони од Св. Климент и Св. Наум што   таа ги подари на Терхова по повод  “Деновите на св. Кирил  и св. Методиј “.
Охридските икони  на  настанот беа поставени пред олтарот на црквата во Терхова која е посветена на светите Кирил и Методиј.

Пријателските односи и културната соработка помеѓу двата града  македонскиот  Охрид   и  словачкиот Терхова ќе продолжат и во иднина. 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1314  пати
Објавено на: 12.11.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©