Во Центарот за култура „Григор Прличев“ , вечерва со почеток во 20 часот
и 30 минути, со прикажувањето на филмот „Каприс“ во режија на Емануел Муре,
започпочнуваат проекциите во рамки на официјалната програма на 9-от
Француски филмски фестивал, кој се одржува во Охрид и Скопје.
Фестивалот свечено беше отворен вчеравечер во киното „Милениум“ во Скопје со
филмот „Патот за Истанбул“, во режија на Рашид Бушареб.
![](http://ohrid.gov.mk/Pictures/francuski_film_2016_400.jpg)
Утревечер,(петок) охридската публика ќе може да го проследи филмот „Три
срца“ во режија на Беноа Жако.Во филмот главните улоги ги толкуваат Беноа
Пелворд, Шарлот Генсбур и Кјара Мастројани.
Со „ Специјалната вечер во Охрид“, во сабота на 18 јуни, со почеток во 20
часот, свечено ќе биде затворен Францускиот филмски фестивал. Вечерта ќе
биде прикажан филмот „ Судија“ на режисерот Кристијан Венсан, во кој игра и
Сидс Бабет Книдсен, добитничка на наградата „Цезар“ за најдобра споредна
женска улога.
На свечената филмска вечер ќе се обратат амбасадорката на Франција во
Македонија Лоренс Оер и градоначалникот Никола Бакрачески, кој воедно на
режисерот Кристијан Венсан ќе му ја врачи годинашната гран-при награда „
Охридска Златна маска“ .
Извор: www.ohrid.gov.mk |