Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ДОМАЌИН НА ГОЛЕМ СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВЕН НАСТАН „ЖОГАРИЈА-ЛОПТАРИЈА“
Untitled Document

На 9-ти мај во организација на Медиа спорт од Словенија, а под покровителство на Општина  Охрид, градов  ќе биде домаќин на голема   детска  спортско-  рекреативна манифестација  „Жогарија- Лоптарија“ што ќе се одржи кај Скеј паркот после мостот со почеток во 10 часот.
На настанот учество ќе земат 160 деца од осумте основни училишта од  општина Охрид и од детската градинка „Јасна Ристеска“. Тие ќе се натпреваруваат во неколку игри, „Три на три“, фудбал, игра на вештини и квиз на знаење.   

Овој спортско рекреативен настан којшто има традиционален карактер  годинава  ќе се одржи во осум држави: Македонија, Словенија, Црна Гора, Италија, Австрија, Унгарија, Хрватска и Србија.  

Прочитано:  1432  пати
Објавено на: 26.04.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©