Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЌЕ СЕ ВРШИ ДЕЗИНСЕКЦИЈА ПРОТИВ КОМАРЦИ
Untitled Document

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид,  дека  на   ден  11.09.2018 год.  и 12.09.2018  год. (вторник и среда)   екипите на Центарот за јавно здравје Охрид,  ќе спроведат теристичка (од земја ) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 21 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе биде  опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до  комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид и по текот на Грашница и Коселска река.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да преземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови(ветар, дожд), дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е  231 881 и 230 231.

Прочитано:  242  пати
Објавено на: 07.09.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©