Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ЈП „ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ“
Untitled Document

 Ј.П."Охридски Комуналец"-Охрид Ве известува дека во деновите од понеделник до петок ќе врши уредување на дрворедите со поткастрување на крошните од липите на улицата "Македонски Просветители". Поради ова потребно  е отстранување на паркираните возила за непречено извршување на нашите активности. Уредувањето на дрворедите ќе се врши во деновите:


  1. Понеделник  17.11.2014 год.  - пресекот на  "Кеј Македонија"со улицата "Партизанска";
  2. Вторник   18.11.2014 год. - потегот од ул."Партизанска" до  улицата "Димитар Влахов";
  3. Среда  19.11.2014 год.  -  од улицата "Димитар Влахов"до "Даме Груев";
  4. Четврток  20.11.2014 год. - потегот од "Даме Груев" до пресекот   со улица  "Туристичка";
  5. Петок 21.11.2014 год. - потегот од "Даме Груев" до пресекот со улица "Туристичка";


Во зависност од временските услови овој распоред може да претрпи промени , за што ќе бидете благовремено известени.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1324  пати
Објавено на: 14.11.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©