Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски денеска прими делегација од Дортмунд – Германија предводена од Рудигер Шмит член на градскиот совет. Повод за средбата беше германската донација на противпожарна опрема за Територијалната противпожарната единица од Охрид.
![](pictures/11_05_2018_POZARNA_DONACIJA_2.jpg)
- -Искрено се радувам на посетата на Рудигер Шмит, член на Градскиот совет на Дортмунд од германската покраина Северна Рајна Вестфалија и разговорите што ги водевме за досегашната и продлабочување на соработката во иднина. Благодарни сме на донацијата за потребите на нашата Територијана противпожарна единица и се надеваме дека во иднина заеднички ќе најдеме начини за користење на искуствата на нивните противпожарни единици во кои има околу 900 вработени- рече градоначалникот Јован Стојаноски.Тој додаде дека Локалната самоуправа планира да се дислоцира Територијалната противпожарна единица во новоизградени простории според најсовремените стандарди, а ќе се прават напори за обновување на возниот парк, бидејќи сегашните возила во просек се стари 36 години.
![](pictures/11_05_2018_POZARNA_DONACIJA_3.jpg)
Членот на Градскиот совет на Дормунд Рудигер Шмит , се заблагодари за приемот и разговорите со градоначалникот Јован Стојаноски и рече дека има уште многу простор за соработка. Тој најави дека од 27.10.2018 година ќе се воведе нова редовна авио- линија меѓу Дортмунд и Охрид, која ќе придонесе за развој на туризмот, но и подобра соработка на бизнис заедниците.
![](pictures/11_05_2018_POZARNA_DONACIJA_4.jpg)
По средбата со градоначалникот Стојаноски, гостите од Германија беа во посета на Територијалната противпожарна единица од Охрид каде ја донираа опремата од заштитни палта за гаснење пожар,шлемови, чизми, противпожарна арматура и гумени резервоари до 1 000 литри за теренски интервенции на планина. По запознавањето со условите за работа на охридските пожарникари германската делегација изрази уверување за идна соработка.
![](pictures/11_05_2018_POZARNA_DONACIJA_9.jpg)
![](pictures/11_05_2018_POZARNA_DONACIJA_7.jpg)
![](pictures/11_05_2018_POZARNA_DONACIJA_8.jpg)
![](pictures/11_05_2018_POZARNA_DONACIJA_5.jpg)
![](pictures/11_05_2018_POZARNA_DONACIJA_1.jpg)
|