Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДОНАЦИИ ЗА ОХРИДСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид, Д-р Јован Стојаноски, денеска во просториите на Територијалната противпожарна единица од Охрид присуствуваше на доделување на  специјализирана опрема, заштитни шлемови, одела и чизми за охридските пожарникари.

Станува збор за донација на Противпожарната единица  „Doetinchem“ од Холандија и  Црвен крст од  Охрид како дел од активностите насочени кон меѓународна соработка со институции и организации со сродни дејности.

Територијалната противпожарната единица од Охрид, вчера во присуство на градоначалникот д-р  Стојаноски,  на подарок доби и   10 ќебиња и 10 душеци од социјалното друштво „Св. Наум – Охридски“ од Мелбурн- Австралија.

Донацијата битно допринесува во подобрување на условите за пасивен престој во нормални услови на охридските пожарникари кои досега користеа  ќебиња и душеци постари од 30 години.

Прочитано:  1465  пати
Објавено на: 15.12.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©