Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДОДЕЛЕНИ ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ ЗА СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК
Untitled Document

Во рамки на одбележување на неделата за борба против гладта, градоначалникот Јован Стојаноски заедно со претседателот на ОО на ЦК Сашо Точко , денеска додели хуманитарни пакети за 70 охридски семејства во социјален ризик. Во текот на изминатата недела вакви пакети  беа доделени на 250 семејства.

Според градоначалникот Стојаноски со овој проект локалната самоуправа настојува во рамки на своите можности да им помогне на социјално загрозените семејства.

 Оваа мерка можеби е мала, но е многу значајна за овие семејства. Оваа акција ќе продолжиме да ја спроведуваме и во иднина. Во рамки на општинскиот буџет понатака ќе ги поддржуваме семејствата во социјален ризик. Во оваа прилика повторно упатувам повик навремено да се пријавуваат социјалните семејства затоа што од средствата на буџетот се одобруваат финансиски средства со коишто ќе се исплаќаат дел од сметките за комунални услуги во рамки на локалната самоуправа. Тука можеме да ги споменеме и стипендиите коишто ги даваме на учениците и студентите од социјално загрозените семејства – изјави градоначалникот Стојаноски.

Претседателот на ОО на ЦК Сашо Точко упати благодарност до градоначалникот и општината што активно  со свои средства се вклучуваат во одбележување на Неделата за борба против гладта.

 Овие пакети се правени согласно стандардите на меѓународната федерација на Црвен Крст и содржат средства за хигиена и прехранбени производи коишто се доволни да ги обезбедат основните потреби на едно четиричлено семејство. Во текот на целата година се соочуваме со молби и барања од страна на луѓе од социјален ризик да им помогнеме во различни сфери. Настојуваме и се бориме против цела година да излеземе во пресрет и да обезбедиме помош- истакна Точко.

Бројот на семејства во социјален ризик во Охрид  е 850 и варира од година во година.    

 

Прочитано:  219  пати
Објавено на: 06.11.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©