Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
КОНЦЕРТ НА ХОРОТ „ СВ. ЗЛАТА МЕГЛЕНСКА“ ВО ЧЕСТ НА БОГОЈАВЛЕНИЕ- ВОДИЦИ
Untitled Document

Во чест на големиот православен празник „ Богојавление- Водици“ синоќа во Центарот за култура  „ Григор Прличев“ концерт со духовна музика одржа хорот „ Св. Злата Мегленска“ .

-Општина Охрид ни направи голема чест со поканата да бидеме дел од чествувањето на  „ Богојавление- Водици„ бидејќи  овде се случува најмасовниот црковно- народен собир во земјите на православието. Нашиот репертоар го прилагодивме за овој голем празник и веруваме дека нашата позитивна енергија ја споделивме со бројната охридска публика- рече Летка Димоска- Полизова.

Хорот „ Св. Злата Мегленска“ е формиран во 1986 година и во својата богата кариера има освоено 23 меѓународни награди. Годинава хорот ќе учествува на Светската хорска академија што ќе се одржи во Латвија.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1253  пати
Објавено на: 18.01.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©