Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЧЕСТВУВАЊЕ ЗА ХЕРОЈОТ ХРИСТО УЗУНОВ
Untitled Document

Со полагање на  свежо цвеќе пред бистата на Христо Узунов  во градскиот парк и на спомен-обележјето во селото Цер-Кичевско, каде што се одржа и панихида, денеска завршија свеченостите  по повод одбележувањето на 111. годишнината   од погибијата на херојот на Македонската револуционерна борба, што ги организира Општина Охрид.

Свежо цвеќе положија делегации на Советот на Општина Охрид, Основното училиште и здружението што го носат името на Христо Узунов, Сојузот на борците, Здружението за Македонско-Бугарско пријателство,потомците на Узунов, како и делегации на политички партии и други здруженија на граѓани.

 

Синоќа во Центарот за култура „ Григор Прличев“ беше отворена изложба на ликовни творби, по што следеше  свечената приредба по повод патрониот празник на ОУ „ Христо Узунов“ . 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1353  пати
Објавено на: 24.04.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©