Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДОНАЦИЈА ОД ФФМ ЗА ЈП „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“
Untitled Document

ЈП Билјанини Извори во текот на вчерашниот ден прими донација од Фудбалска федерација на Македонија и на таков начин ги продолжи активностите за реконструкција и обнова на инфраструктурата на Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“.

Станува збор за донација на 1700 нови столчиња кои се наменети за замена на искршените и стари столчиња на трибината на Градскиот стадион „Билјанини Извори“.

Со реконструкцијата на сооблекувалните и сега со обезбедувањето на нови столчиња ЈП „Билјанини Извори“ продолжува да се ангажира во насока на подобрување на условите за спортските екипи и рекреативци корисници на спортска инфраструктура.

Прочитано:  1382  пати
Објавено на: 15.03.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©