Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДОСТОЈНО ОДБЕЛЕЖАН НАЦИОНАЛНИОТ ПРАЗНИК - ИЛИНДЕН
Untitled Document

Делегација на Советот на Општина Охрид денес со свечени активности го одбележува празнувањето на двата Илиндена.

Во градскиот парк, пред спомениците на  Христо Узунов ,Методи Патче, и хероите од НОБ  Андон Дуков и Спас Банџов  делегацијата на Советот на општина Охрид и Локалната самоуправа , Сојузот на борците на НОБ и други институции и организации во знак на почит положија свежо цвеќе.
Делегацијата на општина Охрид свежо цвеќе положи и  пред спомен-плочата на Прентов Мост.
Со положување  свежо цвеќе, историски час пред споменикот на паднатите борци од с. Плаќе во востанието на Рашанец и импровизиран напад на селото од комитите,  се одбележа Денот на Илинденското востание и патронатот на црквата „Св.Илија“ во селото Плаќе.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1248  пати
Објавено на: 02.08.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©