Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВЕТЕРАНИТЕ ВО ВАТЕРПОЛО ОД ОХРИД И СТРУГА ОДИГРАА РЕВИЈАЛЕН НАТПРЕВАР
Untitled Document

Во рамките на  масовниот хепенинг „ Заедно да навиваме за Македонија“  за поддршка на македонската  кошарска репрезентација, попладнево на старото градско пливалиште, се одигра ревијален ватерполо натпревар  на ветераните од Охрид и Струга. На местото, каде како млади ги играа  езерските дерби натпревари,  ветераните  ги собраа старите симпазитери но и младите надежи.

Резултатот од натпреварот  не беше важен, важно беше по долго време во водите на Охридското Езеро  да се фрли ватерполо топката и да се игра во ритамот на спортскиот адреналин.Ветераните порачаа дека , доколку Охрид и Струга добијат затворени пливачки базени , ќе се создадат услови за враќање на сјајот на водените спортови на Охридското Езеро.

Ветераните беа горди што  учествуваа на овој голем хепенинг ,кој го организира Општина Охрид, во соработка со охридскиот Црвен крст, ЈП „ Билјанини извори“ и другите општински  јавни претпријатија. Рекоа дека нивните ватерполо голови  се специјален подарок за македонската кошарска репрезентација.       

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1279  пати
Објавено на: 05.09.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©