Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВО СЕЛОТО СКРЕБАТНО – „ОХРИДСКА СОФРА“
Untitled Document

На ден 24. 08. 2013 (Сабота) во организација на Секторот за Туризам и Локален Економски Развој при Општина Охрид, во с. Скребатно за прв пат ќе се одржи Манифестацијата „Охридска Софра“, која претставува извонредна можност за комбинација на соодветни настани каде што на граѓаните, гостите и посетителите ќе им биде презентирано богатството на охридската традиционална храна, пијалоци и други етнолошки вредности како дел од севкупната туристичка понуда и туристички производ.

Како главни активности на оваа манифестација ќе бидат промоција на традиционални јадења и пијалоци, а во нејзин склоп ќе се одржи и традиционалната Ѓомлезијада, која ќе биде со натпреварувачки карактер со награден фонд од 20.000 денари за трите најдобро подготвени ѓомлезина.

Воедно учесниците ќе имаат можност да ги истакнат и своите готвачки вештини преку подготовка на традиционални охридски јадења на самото место, за чија што промоција се обезбедени промотивни штандови.

За таа цел сите заинтересирани учесници кои што сакаат да бидат дел од настанот ги информираме дека можат да се пријават во просториите на Секторот за Tуризам и ЛЕР или на тел: 046/ 230 -175 најдоцна до 16 Август, 2013 (Петок).

Ве информираме дека бројот на учесници е ограничен.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1234  пати
Објавено на: 09.08.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©