Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ РАМАЗАН БАЈРАМ
Untitled Document

- На сите граѓани од Исламска вероисповед им го четитам почетокот на големиот пост, месецот Рамазан, со искрени желби припадниците на оваа мирољубива, хумана и човекољубива вера,  да го поминат во мир и спокој со своите семејства, пријателите, соседите... Во следниот месец на нашите комшии, пријатели, другари и побратими муслимани Севишниот нека им ги услиши молитвите и низ постот нека им помогне во духовното и телесно прочистување.

Охридските Муслимани како дел од нашиот град со векови се еден од столбовите на животот, опстојот и развојот на хуманото општество и традиционалните и позитивни човечки вредности во Охрид.

Во време на овој за нив свет месец , Севишниот нека ги услиша молитвите на нашите сограѓани Муслимани и нека даде здравје спокој и мир во нашиот сакан град Охрид , а сите нас да не постети на Божјиот благослов даден на нашиот град да биде дом на луѓе од различни вери и во него традиционално со векови да се негува меѓусебна почит и уважување меѓу луѓето.

- Почитувани сограѓани Муслимани,

Во име на функцијата на која се наоѓам, во мое лично име и име на моето семејство, на сите Вас во испраќам честитки за почетокот на месецот Рамазан.

Рамазан Мубарак !

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1461  пати
Објавено на: 27.05.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©