Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД КУБА НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈАНОСКИ
Untitled Document

Официјална делегација од Куба, предводена од Геобер Гуибер Пардо, шеф на одделот за Европа на кубанското министерство за култура, оствари работна средба со градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.

На средбата се разговараше за соработка во културата. За почеток се договори организирање на музички настап на кубанскиот ансамбл  „ECOS“.

Ансамблот „ECOS“ е основан во 1999 година, од страна на искусни музичари и танчари во Хавана. Ансамблот ги изведува традиционалните кубански ритми, како румба, сон, гуајира, болеро, блуес и фламенко. Тие имаат настапувано на повеќе меѓународни настани во Абу Даби, Кувајт, Турција и други.

Во Охрид ќе настапуваат од 18ти до 25ти август на повеќе локации.

Прочитано:  503  пати
Објавено на: 15.08.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©