Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СО ПОЛАГАЊЕ ЦВЕЌЕ И ВЕЛОСИПЕДСКА ТРКА ПРОДОЛЖИЈА ЧЕСТВУВАЊАТА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ВМРО
Untitled Document

Во рамки на одбележувањето  на 23 октомври -денот на Македонската Револуционерна Борба, делегација од Општина Охрид, Сојузот на борците од Охрид и Дебарца и од двете  најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, утрово  положија  свежо цвеќе пред спомениците на македонските револуционери  во градскиот парк. Празнувањата продолжија  со велосипедската кружна трка која стартуваше од  пред хотелот Палас на Кејот Маршал Тито..

Инаку во рамки на одбележувањето на 23 Октомври, вчера во село Велгошти, градоначалникот Никола Бакрачески и министерот за труд и социјала Диме Спасов  отворија детска градинка. Станува збор за    втора по ред  градинка воо посебни просторни услови отворена на територијата на Охрид . Во рамки на празнувањата исто така  вчера во големата сала при општина Охрид се одржа  свечена програма на која пред бројната публика пригоден говор одржа градоначалникот Бакрачески.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1245  пати
Објавено на: 23.10.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©