Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ ОТКАЖУВА ЗАБАВАТА „НОВОГОДИШНА ДЕТСКА БАЈКА“
Untitled Document

Поради ненадејната смрт на градоначалникот проф. д-р Јован Стојаноски,ЈП „Билјанини Извори“ ја откажува  големата   новогодишна забава за деца "Новогодишна детска бајка " која требаше да се одржи денес.

"Новогодишната детска бајка" како социјално забавен настан во соработка со ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, здруженијата за лица со попреченост, основните школи од Охрид и ОСУ „Св. Климент Охридски“ имаше за цел да ги сплоти сите охриѓани посебно децата и ранливите категории на граѓани како желба и визија на покојниот Градоначалник проф. д-р Стојаноски кој воедно беше и покровител на целиот настан.  

Планираните активности, поддршка и предвидените подароци за децата со посебни потреби, социјалните семејства и донацијата за ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ ќе се реализираат во новогодишните денови. Реализацијата на дел од предвидените активности  е со поддршка од   маркетите „Топ“ ,  „Миса“  и  пекара „Феникс“ .

ЈП „Билјанини Извори“ утре со почеток од 10 часот во просториите на ОУ „Св. Климент Охридски“ на сите деца од паралелките за деца со посебни потреби ќе им додели новогодишни пакетчиња ,додека пакетчињата за здружението за лица со посебни потреби "Добротољубие 2014" ќе им ги додели во 11 часот истиот ден во просториите на црковниот храм Св. Ѓорѓија. За здружението за поддршка на лица со интелектуална попреченост "Зраци" ќе им бидат доделени новогодишните пакетчиња дополнително во договор со нив.
На 6 јануари со почеток од 11 часот во просториите на Студентскиот дом „Никола Карев“ ЈП „Билјанини Извори “  ќе донира храна на социјалните семејства. Примопредавањето на донацијата во помагала и реквизити за потребите на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ ќе биде дополнително закажано во консултација со службите од градинката.

Прочитано:  278  пати
Објавено на: 26.12.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©