Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОБЈАВЕН КОНКРУС ЗА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ПАРТЕРНО И ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА КЕЈОТ „МАКЕДОНИЈА“
Untitled Document

Општина Охрид објави конкурс за избор на идејно решение за изработка на идејно архитектонско решение за партерно и хортикултурно уредување на кејот „Македонија“.
Идејните решенија се доставуваат најдоцна до 09.12.2014 година по пошта или лично со поднесување во архивата на општина Охрид.
Право на учество имаат сите заинтересирани дома

шни и странски, правни и физички лица кои поседуваат соодветно овластување согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање и Законот за градење. Секој од заинтересираните може да учествува со по еден труд. Конкурсните материјали и останатата коресподенција поврзана со конкурсот се пишува на македонски јазик. Оценувањето на трудовите ќе го врши тричлена жири комисија. Со изготвувачот на идејното решение кое ќе биде оценето како најдобро рангирано, договорниот орган, согласно Законот за јавни набавки ќе отпочне постапка за доделување на договор за јавна набавка со преговарање без претходно објавување на оглас за изработка на основен проект. Конкурсот е анонимен и завршува со избор на најдоброто конкурсно идејно решение.


Дополнителните услови пропишани во конкурсната документација може да се добијат со преземање ОВДЕ.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1272  пати
Објавено на: 28.10.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©