Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА
Untitled Document

Со пригодната свеченост, на која присуствуваше и градоначалникот Јован Стојаноски, денеска Секторот за внатрешни работи Охрид го одбележа 7. мај-Денот на македонската полиција. На свеченоста полициските службеници Јован Ѓонески од полициската станица од општа надлежност Охрид, Јован Милошески од оделението за криминалистичка техника и Николче Милошески од полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид, добија благодарници за посебен придонес, успешна соработка и поддршка во работата на Секторот за внатрешни работи Охрид.

-Ви го честитам Денот на полицијата и Ви посакувам да имате повеќе превентивни задачи, задачи кои ќе се насочени кон обезбедување на мирот и безбедниоста на граѓаните.Имаме и ќе имаме одлична соработка меѓу полицијата и Локалната самоуправа, се со цел граѓаните  да имаат помирен и побезбеден живот.Приметеги и моите честитки за добро здравје и успешна работа на припадниците на полицијата – рече  на свеченоста градоначалникот Јован Стојаноски.

Началникот на СВР- Охрид Сашо Смилески во своето обраќање рече дека дека СВР Охрид на целото подрачје што го покрива, своите работни обврски и задачи на безбедносен план ги извршува крајно професионално, посветено и пожртвувано. „ Законитоста во работењето, владеењето на правото и демократските принципи, професионализмот, етичноста и транспарентноста се основниот белег во нашата комплексна  полициска работа. СВР Охрид е легитимен фактор во одржување на мирот и безбедноста, во справувањето со безбедносните проблеми, во заштитата на личната сигурност на граѓаните и нивните материјални добра. Продолжуваме, комплексните полициски задачи да ги реализираме законски, брзо, професионално, етички, со целосно почитување на правната регулатива и пред се со почитување на човековите права и слободи- рече началникот на СВР- Охрид Сашо Смилески.

Куса презентација за севкупното работење  на СВР Охрид имаше портпаролот Стефан Димоски. „Со задоволство можеме да кажеме дека СВР Охрид претставува современа полициска институција исклучително фокусирана на справување и решавање на безбедносните предизвици. Во нивното решавање, СВР Охрид успешно ги решава безбедносните предизвици и настани,  ефикасни сме во спроведувањето на полициските мерки, пред се на превентивен но и на репресивен план. СВР Охрид е ефикасна во спроведувањето на безбедносните мерки на целото подрачје но и во откривачката функција при реализирањето на случените казнени дела. Кога сме кај откривачката функција на полициските службеници, во изминатиот едногодишен период, процентот на остварена реализација е 40%, што претставува зголемување во однос на 36-те проценти во периодот 2016-2017 година. Лани се евидентирани сообраќајни незгоди со вкупно 9 жртви, додека годинава има две жртви од сообраќајни незгоди. Во сегментот нарушување на јавен ред и мир, во периодот мај 2016 април 2017 се случиле 58 тепачки, додека во периодот мај 2017 – април 2018 година евидентирани се 51 тепачка. Сите дела се реализирани со пронаоѓање на сторителите и поднесување кривични пријави. СВР Охрид претставува исклучително транспарентна институција-  рече портпаролот Димоски. Тој додаде дека од 2008 година кога се оформија канцелариите за односи со јавноста, до денеска лиферувани се околу 2000 соопштенија до медиумите, околу 800 прес  конференции , што покажува дека денеска СВР Охрид претставува отворена институција блиска до граѓаните работејќи пред се по концептот работа со заедницата.

Прочитано:  1709  пати
Објавено на: 07.05.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©