Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
АКЦИЈА ЗА ЗЕЛЕН ОТПАД ВО НАСЕЛБИТЕ „ХРИСТО УЗУНОВ“ , „КАРАБЕГОМАЛА“ И „ГОРНА ВЛАШКА МАЛА“
Untitled Document

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 02.11.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од населбите „Христо Узунов„, „Карабегомала„ и „Горна Влашка Мала„ .

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.

Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отапд.

Распоредот на есенските акции за подигнување зелен отпад е следен:

 * 02.11.2013 год.: нас.„Христо Узунов„, „Карабегомала„ и „Горна Влашка Мала„ ;

* 09.11.2013 год. : нас.„Воска„ и „Даљан„ ;

* 16.11.2013 год. : нас.„Видобишта„ ; * 23.11.2013 год. : нас.„Црногорци„.

За овие акции граѓаните ќе бидат навремено информирани.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1237  пати
Објавено на: 31.10.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©