Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ СО ИНФОРМАЦИЈА ЗА СОСТОЈБАТА СО ПАРКИНГ ПРОСТОРИТЕ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

 Во согласност со Заклучокот кој советниците го донесоа на една од претходните седници со кој го задолжи Градоначалникот да изготви Информација во врска со состојбите со паркинг просторите во Охрид, денеска пред советниците на Дневен ред се најде Предлог Информација за состојбата со паркинг просторите во централното градско подрачје на општина Охрид.

Градоначалникот Бакрачески, ги информира членовите на Советот во врска со неправилностите при изготвување на актите и спроведување на постапката пред и по склучувањето на Договорот за закуп на паркинг простор.

Постапката за давање под закуп на паркинг просторот од самиот почеток била водена во период од распишување на изборите за избор на Градоначалник и членови на Совет.

По барање на Државната комисија за спречување корупција, Комисијата за спроведување на постапката за закуп на паркинг простор носи Решение со кое се поништува постапката и сите дејствија преземени во врска со истата се сметаат за ништовни и не произведуваат правно дејство.

Според утврдената фактичка состојба во Договорот за закуп на паркинг просторите не е утврдена ниту единечна цена за паркирање по паркирано возило, туку тоа е оставено на диспозиција на вољата на закупецот.

Советот на општина Охрид нема расправано и нема донесено Одлука за давање согласност на Одлуката на УО на „ЈП Билјанини Извори“.

Расходите наведени во студијата за економската оправданост и техничката опременост не содејствуваат со реалната состојба - истакна градоначалникот Бакрачески.

Откако информацијата за состојбата со закупот на паркинг просторите во централното градско подрачје беше презентирана пред членовите на Советот на општина Охрид, истите донесоа Заклучок со кој се задолжува Градоначалникот да пристапи кон раскинување на Договорот за закуп на паркинг простор и да поведе соодветна судска постапка за поништување на Договорот за закуп на паркинг простор во централното градско подрачје на општина Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1231  пати
Објавено на: 10.05.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©