Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ДОМАЌИН НА ФЕСТИВАЛОТ НА „ВИНО И СИРЕЊЕ“ И РЕВИЈАТА НА ОЛДТАЈМЕРИ
Untitled Document

Денес и утре Охрид е домаќин на две меѓународни манифестации, возобновениот фестивал на „Вино и сирење“ и ревијата на Олдтајмери   кои ја збогатуваат туристичката понуда на Охрид и стануваат препознатлив белег на градов во лето.


Како минатата така и  годинава фестивалот на „Вино и сирење“ ќе се одржува на плоштадот Чинар во  чаршијата. На 20 унифицирани штандови  27 производители од Македонија и од регионот на  Корча, Република Албанија ќе ги изложат , виното , сирењето и други производи автентични за овие предели.  


-          Презентацијата на виното и сирењето и денеска и утре започнува во 18 часот. Како и минатата така и оваа година во рамки на фестивалот ќе имаме културно уметнички дел. Од 17 до 19 часот е предвиден настапот на културно уметнички друштва а од 21  часот  до полноќ  ќе настапуваат  рок бендови од Охрид и други  градови од Македонија, изјави на денешната прес конференција раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолов кој упати покана до сите охриѓани и гости  вечерва и утревечер да бидат дел од оваа манифестација  што  општина Охрид ја организира  со прекуграничниот регион Преспа, како  дел од програмата на ABDA која се спроведува преку Regional Rural Development Standing Working Group (SWG) во Југоисточна Европа.


Како дел од активностите  што ги имплементира општината и  Секторот за ТЛЕР, во Охрид    втора година по ред се организира  ревијата на Олдтајмери која  започнува денес   а на која  ќе продефилираат 30 раритетни стари возила.


-          Овие возила се вистинска атракција. Тие ќе бидат изложени во центарот на Охрид , а дел од нив ќе бидат на плоштадот „Чинар“ како едно надополнување на фестивалот на „Вино и сирење“ односно надополнување на самата сцена и кореографијата.  Утре ќе биде официјалниот дел на манифестацијата кога ревијално ќе се вози од Охрид до Пештани  по што ќе следи  и изложба на возилата и фотосесија на градскиот кеј. Изложените возила  на кејот утревечер ќе бидат вистинска атракција за минувачите- додаде  Апостолов.    


Наредниот викенд во охридското село Скребатно ќе се одржи манифестацијата „Охридска софра“ која има за цел на симболичен начин да означи завршување на летната туристичка сезона , а истовремено да ги промовира туристичките вредности на руралните средини. 

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1324  пати
Објавено на: 21.08.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©