Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРОГРАМА: ОД 20-ТИ ДО 20-ТИ - СИТЕ ВО ОХРИД
Untitled Document
Highslide JS
ОД 20-ТИ ДО 20-ТИ - СИТЕ ВО ОХРИД ПРОГРАМА...

 

Програма... (pdf)

Новата локална самоуправа во Охрид во пресрет на празниците го започна проектот „Од 20-ти до 20-ти - СИТЕ ВО ОХРИД“ кој ќе трае од 20-ти декември 2017 до 20-ти јануари 2018 година.

Основната интенција на оваа акција е да се опфати еден од најатрактивните периоди во текот на годината, надвор од главната туристичка сезона во Охрид. Ги опфаќа новогодишните празници, подоцна Божиќ, Стара нова година и секако Водици, кои се од исклучително значење за заедницата. Идејата е да се изгради манифестација која ќе носи сопствен печат, кој традиционално ќе се одржува и надградува секоја година. ќе трае полн месец и ќе ги опфати со посебна програма сите празници кои се слават во овој дел од годината, но и сите останати денови.

Главниот дел од настаните ќе се одвиваат на посебно уредени простори во Центарот на градот, на 5 различни сцени. Една од сцените е и кај  новата Фонтана кај Мини маркет, со што дополнително ќе се дисперзира забавата во целиот град, кој во овој период во иднина е планирано да биде целиот град како една сцена.

Во склоп на програмата ќе имаме посебни сегменти како „Игри без граници“, театарски дел и изложби на отворено, „Од СРЦЕ за Охрид“ - посебна акција за најмладите, трки на Дедо мразовци, трки на келнери, ден на виното, и многу други. Како една од најатрактивните содржини на овој месец на забавата во Охрид е и „Чоколадниот новогодишен свет“, посебна манифестација во склоп на главната, лоцирана на делот од „Бистро Корнер“ на влезот во чаршијата до фонтаната кај Чинарот. Овој дел е посебно украсен со чадори и тезги во центарот на улицата, а по започнувањето со работа ќе има и посебна бина, каде секојдневно ќе има музика, Дџ, Дедо мраз и аниматори за најмладите.

артисти кои ќе настапат на големата сцена

- 31.12.2017 Даниел Кајмаковски и Анита Мицова (настап од 21:00-01:00 часот)
- 01.01.2018 Бени Шаќири (настап од 21-22:15 часот)
- 02.01.2018 Суперхикс (настап од 21-22:15 часот)
- 07.01.2018 Сергеј Четковиќ (настап од 21-22:15 часот)
- 13.01.2018 Љубојна (настап од 21-22:15 часот)
- 19.01.2018 Фолтин (настап од 21-22:15 часот)

Баскер фест

Посебна програма во Центарот на градот со Баскер-уметниците како надополнување на музичката програма. Датуми на кои ќе настапат се: 30 и 31.12.2017 година, како и 04. 13 и 18.01.2018 година по 20:00 часот

Сцени на кои ќе се одржуваат настаните:

- главна сцена плоштад кај „телевизор“
- мала сцена 1 - мал плоштад поранешна библиотека
- мала сцена 2 - фонтана Мини маркет
- мала сцена 3 - Новогодишна куќа до споменикот на Св. Климент - Центар
- мала сцена 4 - стар Чинар

ПРОГРАМА: (pdf)

Прочитано:  1613  пати
Објавено на: 27.12.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©