Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
BEACHVOLLEYBALL OHRID 2013 – ДЕЛ ОД ПРОГРАМСКИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА ЗАЖИВУВАЊЕ НА СПОРТОТ
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска ги посети организаторите и учесниците на седмиот по ред турнир во одбојка на песок – Отворено првенство на Македонија Beachvolleyball OHRID 2013 кој се одржува од 24-28 Јули 2013 година на плажата Бафало Бич (веднаш до езерската полиција).

Денес имаме можност да присуствуваме на текот на одвивањето на овој, веќе можам слободно да кажам, традиционален турнир во одбојка на песок кој што се организира токму на ова место. Тоа е еден дел од нашите програмски активности со кои што ние во изминативе години, оваа година, а и во идните години даваме силна поддршка не само на спортските настани кои што ќе се одвиваат во туристичката сезона во Охрид, туку и на културно уметничките настани кои што имаме намера да ги омасовиме, налик на овој турнир во одбојка на песок, со кој што ние сакаме на некој начин, преку спортски настани, преку една рекреација, преку атракции, преку мотивирање на натпреварувачки дух, да ги анимираме и да ги поттикнеме младите генерации во Охрид на спорт, на дружење и на натпреварување со македонските репрезентативци во одбојка и професионални играчи на одбојка и на тој начин заедно со организаторите од идната година па натака да организираме еден помасовен меѓународен турнир, налик на овој, но со помасовно присуство и со повеќе учесници, не само од соседените земји туку и од други европски држави и тоа во иднина да добие епитет на голем меѓународен турнир – истакна градоначалникот Бакрачески.

На турнирот до сега се пријавени 12 тимови од Македонија, Бугарија, Косово и Албанија. Од страна на македонските екипи, за највисок пласман се очекува да се борат тимовите на Дејан Симовски и Кристијан Ристевски, кај машките, и Власта Ружиновска и Сандра Георгиевска кај женските.

Директен пренос од женското и машкото финале ќе има на Македонската телевизија во недела со почеток во 18 часот.

Паралелно со професионалниот турнир, викендов ќе се одиграат и натпреварите од компанискиот турнир.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1279  пати
Објавено на: 26.07.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©