Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОТВОРЕН ШЕСТИОТ ФЕСТИВАЛ НА ФРАНЦУСКИОТ ФИЛМ ВО ОХРИД
Untitled Document

По шести пат вљубениците во француската кинематографија имаат можност во Н.У Дом на културата во Охрид да проследат проекции на француски филмски остварувања на годинешниот Фестивал на Францускиот филм, кој од вечерва па се до 30 јуни се оддржува во нашиот град. На свечената промоција на Фестивалот во Охрид, поздравен збор имаше Градоначалникот Никола Бакрачески, кој во своето обраќање го истакна значењето на овој фестивал за културното претставување на градот и неговото збогатување со културни содржини од француската уметничка традиција.

Градоначалникот Бакрачески, уште еднаш го истакна задоволството од можноста што Охрид може да види дел од богатата француска кинематографија и што охриѓани и сите љубители на филмот ќе можат поблиску да ја запознаат француската филмска уметност и француската култура воопшто.

Фестивалот за отворен го прогласи, Амбасадорката на Франција Н.Е Laurence Auer, а свое поздравно обраќање имаа и режисерката Сандрин Поже и Директорот на Домот на аудиовизуелна дејност во Каен-Долна Нормандија,г-дин Гијом Деланд.
Во вечерашната програма беа прикажани три краткометражни филмови "Светот наопаку", "На работ" и "Кабар", филмски дела од најновата француска продукција.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1301  пати
Објавено на: 28.06.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©