![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Vodici_20154854.jpg)
Многу бројни верници, од земјава и странство, претставници од дипломатскиот кор, Претседателот на Собранието Трајко Велјаноски, пратеници и бројни охриѓани утрово на градското пристаниште , кејот и плоштадот го проследија чинот на осветување на езерските води и барање на чесниот крст.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Vodici_20154852.jpg)
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Vodici_20154856.jpg)
Охриѓанецот Цветан Мицкоски беше најсреќниот , од над 1000 капачи: охриѓани, жители на други македонски градови и странци кои во езерските води го бараа Чесниот Крст и кој прв успеа да стигне до него.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Vodici_20154851.jpg)
Првите честитки ги прими од градоначалникот Никола Бакрачески и кумовите Зоран Милески и Жељко Јоксимовиќ. Чествувањата утрово запчнаа со света архиерејска василева литургија во сите парохиски цркви. Денес бесплатно се служеше топла ракија и традиционалниот специјалитет пача, а за убавата празничната атмосфера придонесоа и настапите на градските хорови и Ансамблот Билјана.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Vodici_20154853.jpg)
Инаку прославата по повод Богојавление – Водици привршуваат утре на денот на Рибарите со фрлање на бурето со вино во езерските води и групното капење закажано за 14 часот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |