Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ НА КРСТАРЕЊЕ ЗАЕДНО СО УЧЕСНИЦИТЕ НА РАКОМЕТНАТА АКАДЕМИЈАТА „АНДРЕА ЛЕКИЌ“
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со директорот на СРЦ „Билјанини извори“ Ристе Мише и учесниците на ракометната академија „Андреа Лекиќ“, попладнево беа на двочасовно крстарење по Охридското езеро.

Пред учесниците на третата по ред ракометна академија „Андреа Лекиќ“ се обрати градоначалникот Бакрачески кој им посака пријатен престој во Охрид и успешно совладување на сите ракометни тајни од големите мајстори како што е Андреа Лекиќ.


-          Ми причинува огромно задоволство што имам можност да присуствувам во вашето друштво помеѓу овие ведри, насмеани и задоволни лица од успешното совладувањето на ракометните вештини. Благодарен сум што го одбравте Охрид за место на одржување на овај познат и интернационален летен камп – рече градоначалникот Бакрачески.

Во знак на благодарност градоначалникот на најдобрата ракометарка во светски рамки и врачи пригоден подарок за тоа што третиот интернационален ракометен камп го донесе во Охрид.


-           Оваа прилика ќе ја искористам за искрено да и се заблагодарам на најдобрата ракометарка на светот Андреа Лекиќ која е иницијатор на оваа ракометна академија која го носи нејзиното име, што третиот интернационален ракометен камп одбра да го одржи во нашиот град – потенцира градоначалникот Бакрачески, кој додаде дека е уверен дека стекнатите вештини од овај камп ќе придонесат во развојот на нивната спортска кариера и дека некој од нив ќе прераснат во европски шампиони.

Покрај тренинзите, вештините и убавините на ракометот, академијата на своите учесници им овозможи прилика да ги почувствуваат убавините на градот и езерото, како  и културното наследство на Охрид.


Светски познатата ракометарка и иницијатрока за организација на овај камп, Андреа Лекиќ уште еднаш изрази голема благодарност за помошта која општина Охрид им ја даде во организацијата на овај настан.


-          Сакам да се заблагодарам на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, кој дојде заедно со нас на ова  крстарење по Охридското езеро, исто така сакам да се заблагодарам до општина Охрид што ни излезе во пресрет за заедно да го организираме ова крстарење и за тоа што ни ги овозможи овие одлични услови кои ги имавме во изминатите шест дена. Се надевам дека насмевките на учесниците се доволен показател за тоа дека сме уживале. Исто така се надевам како што потенцира градоначачникот дека овие шест дена се една добро подлога за во иднина некои од вас да прераснат во врвни спортисти и репрезентативци, а пред се во добри луѓе – рече Андре Лекиќ.

На учесниците од овогодинешната ракометна академија градоначалникот Бакрачески и ракометарката Лекиќ им доделија медали и признанија за успешно завршената академија.  

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1353  пати
Објавено на: 25.06.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©