Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВАНДАЛИТЕ ГИ КРШАТ И НОВОЗАСАДЕНИЕТЕ ДРВЦА
Untitled Document

Непознати сторители на вандалски начин искршија уште едно новозасадено дрвце на тротоарот на улицата „ Партизанска“ , наспроти   хотелот „ Палас“ . Ваков случај на истата улица имаше и минатата недела, а забележани се и кршења на улични светилки и оштетувања на сообраќајни патокази.


Локалната самоуправа, апелира до граѓаните за поголема грижа за заштита на новозасадените дрвца, уредените паркови и другите јавни добра и ги замолува доколку видат било каков случај на уништување, веднаш да ги алармираат надлежните инспекциски служби и полицијата.Со заедничка кординација на надлежните институции и служни, веќе се договорени механизми за идентификување на  вандалите  против кои  ќе бидат применети строгите законски санкции.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1308  пати
Објавено на: 10.09.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©