Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ФУДБАЛСКОТО ИГРАЛИШТЕ СО ВЕШТАЧКА ТРЕВА СТАНУВА БАЛКАНСКИ ТРЕНИНГ ЦЕНТАР
Untitled Document

Љубителите на фудбалот, спортот, хотелиерите, угостителите, дуќаните, таксистите, деновиве се сведоци на бенефитот кој им го дава фудбалското игралиште со вештачка трева кое неодамна се отвори во склоп на СРЦ „ Билјанини извори“. Инвестицијата вредна 300. 000  евра што ја реализираа општина Охрид, Фудбалската федерација на Македонија  и европската куќа на фудбалот УЕФА е полн погодок и одличен старт во трката Охрид да стане, Балкански фудбалски тренинг центар.

-Фудбалското игралиште со вештачка трева, веднаш по ставањето во функција, покажа дека за кусо време  ќе ги исполни очекуваните резултати во афирмацијата на спортот, развојот на спортскиот туризам и финансиската исплатливост, за кои при самото отварање со доза на возбуденост говореше градоначалникот Никола Бакрачески.

За општина Охрид, за градоначалникот, за ЈП „ Билјанини извори“ и  за сите јавни претпријатија кои помогнаа во  реализацијата на овој проект не беше воопшто лесно да се справат со сите предизвици во текот на сите фази на неговата изградба,  но се покажа дека  трудот, упорноста, желбата Охрид после подолго време да добие репрезентативен спортски објект се исплати.

Српските клубови  „ Борац“ од Чачак, „ Спартак“ од Суботица, „ Јавор“ од Ивањица и „ Радник“ од Сурдулица, македонските  „ Ренова “ , „ Металург“ , „ Шкупи“ , „ Влазними“ , „ Пелистер“ , „ Еуро Милк“ и „ Младост“  се први фудбалски клубови кои ги почуствуваа убавините на овој терен. Тоа е резултат на промените што  се прават, новиот маркетинг, организација и менаџмент со кои се оди кон зацертаната цел, Охрид да стане фудбалски балкански тренинг центар- велат од ЈП „ Билјанини извори“ .

Додаваат дека , интересот на многубројните фудбалски клубови како од соседните држави така и од националните клубови, за реализација на нивните фудбалски подготовки е се поголем .  Конечно Охрид го направи вистинскиот чекор, инвестиција за спортско – економски развој на градот, но пред се инвестиција за сегашни и идни генерации и генерации млади фудбалери, идни наследници на Рингов, Панчев, Најдоски, Пандев.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1313  пати
Објавено на: 06.02.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©