Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
РАКОМЕТНАТА ЅВЕЗДА НАУМЧЕ МОЈСОСКИ НА ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ
Untitled Document

Македонската ракометна звезда Наумче Мојсоски, денес беше примен од градоначалникот Бакрачески. Градоначалникот Бакрачески во име на градот домаќин на македонскиот репрезентативец му врачи пригоден подарок и признание за официјален амбасадор на Гимназијадата 2014,која во Охрид ќе се одржи од 8 – 10 мај.

Мојсоски истакна дека, ова титула му причинува огромна радост и се надева дека со неговото присуство ќе придонесе за популаризација на спортот кај средношколската младина. Градоначалникот Бакрачески подвлече дека Охрид како домаќин ќе направи се, манифестација да помине на највисоко ниво, а младите спортистите да понесат пријатни спомени од целиот настан.

На гимназијадатата ќе се натпреваруваат околу 1000 ученици, поделени во шест спортски дисциплини: фудбал, футсал, ракомет, кошарка, одбојка и атлетика.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1258  пати
Објавено на: 04.04.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©